Евробаскетот 2022 ќе биде запомент како еден од најинтересните во историјата на натпреварувањето со настап на НБА ѕвезди како Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокумпо и Руди Гобер, но за жал истиот ќе биде и „посиромашен“ за неколку кошаркарски виртуози. Некои поради повреди нема да можат да им помогнат на своите држави, но има и такви кои едноставно беа изоставени од списокот на патници.
Од овие вторите таков е случајот со Милош Теодосиќ и Омер Јутсевен. Легендарниот српски кошаркар во минатото беше лидер на нашиот северен сосед, но овој пат за 35-годишникот нема место во „четата“ на Светислав Пешиќ, а младиот Турчин едноставно го одби повикот на татковината.
Искусниот српски стратег го одби Теодосиќ, но со сигурност немаше да го одбие Богдан Богдановиќ колку кошаркарот на Атланта навремено се рехабилитираше од повреда. Србија има состав полн со одлични кошаркари, но отсуството на бекот ќе биде голем хендикеп за „орлите“ во походот кон злато.
Најголемиот дел од репрезентациите со нетрпение го чекаат почетокот на континенталниот собир, но тоа не е случајот со Шпанија. Листата на повредени кошаркари на „црвената фурија“ е подолг од финалниот список на патници, а меѓу нив се и Серхио Љуљ и Рики Рубио.
Непосредно пред почетокот шок доби и еден од домаќините на собирот, Грузија која нема да може да смета на својот капитен и најдобар играч, Торку Шенгелија.
Ослабена ќе биде и репрезетнацијата на Франција која нема да може да смета на Нандо де Коло и Виктор Венбенјама. Искусниот плејмејкер се одлучи да го пропушти Евробаскетот поради долгата сезона и неколкуте мини повреди, додека ѕвездата во подем кој се повреди при крајот на сезоната го помина летото рехабилитирајќи се од повредата.
На два клучни кошаркари нема да смета ни Германија. НБА кошаркарите Мартиз Вагнер и Макси Клебер имаат идентично отсуство како и Французите. Вагнер поради повреда нема да може да игра „рамо до рамо“ со својот брат, додека соиграчот на Дончиќ во Далас се одлучи да го искористи летото за рехабилитација.
Оваа листа ја дополнуваат и: Анте Тони Жижиќ, Никола Вучевиќ, Франк Нтиликина, Паоло Банчеро, Николас Батум, Бобан Марјановиќ, Марко Белинели, Данило Галинари, Иска Бонга, Алекс Абринес, Хенри Васар, О-Џи Ануноби, Даниел Хакет, Марсел Понитка, Немања Гордиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

