„Теодосиќ е наш другар и капитен, но…“

Одлуката на селекторот Светислав Пешиќ да го „прецрта“ Милош Теодосиќ од листата на кошаркари повикани за престојните квалификациите за Светското првенство 2023 и Евробаскетот кој започнува во септември и понатаму е топ тема во медиумите во Србија.

На оваа тема сега говореше новиот кошаркар на Барселона, Никола Калиниќ кој вели дека Теодосиќ ќе му недостасува на тимот, но како што самите играчи се помириле со одлуката, така треба и јавноста.

„Луѓето кои треба да говорат за тоа кажаа се што требаше да се каже. Селекторот, претседателот на федерацијата, па може да го барате и Теодосиќ да ви објасни. Тео е наш другар и капитен и на сите ќе ни биде жал што не е тука, но на крајот на денот таа е одлуката и ние одиме понатаму. Тоа е зад нас, гледаме напред и се обидуваме да се подготвиме што подобро за Светското првенство“, изјави Калиниќ.

Се вчитува...