Црвена Звезда во драматична завршница претрпе пораз од Панатинаикос, но Милош Теодосиќ јасно стави дека нема намера да говори за натпреварот со европскиот првак.
Наместо коментар за мечот, искусниот плејмејкер им изрази сочувство на починатите во страшната трагедија во Нови Сад, кога уривањето на дел од Железничката станица одзеде најмалку 14 животи.
„Искрено, не би сакал да ја коментирам средбата. Не ми се зборува за кошарка, ова е тажен ден за цела Србија. Би ја искористил можноста за да искажам сочувство до семејствата на сите оние кои загубија свои членови во оваа трагедија. Не е ниту време ниту место сега да зборуваме за натпреварот“, изјави Теодосиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА