Познатиот српски кошаркар Милош Теосодиќ кариерата ќе ја продолжи во Црвена звезда. Теодосиќ во последните години постојано беше поврзуван со „црвено-белите“, но трансферот беше невозможно да се реализира до ова лето.
Повеќе српски медиуми објавија дека искусниот плејмејкер ќе пристигне на „Мал Калемегдан“, а останува само да се финализираат последните детали и да се потпише договорот.
Во текот на својата трофејна кариера, Теодосиќ беше МВП на Евролигата во 2010 година, три пати беше избиран во најдобриот тим на елитното натпреварување, а беше вклучен и во првата петорка за периодот од 2010 до 2020 година. Тој, меѓу другото, беше и најкорисен играч на Еврокупот, како и најдобар стрелец на тоа натпреварување две години пред со Виртус да го освои ова натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА