Новиот кошаркар на ЛА клиперс, Милош Теодосиќ на „ден за медиумите“ во НБА, истакна дека е подготвен да одговори на предизвикот во најсилната кошаркарска лига, и дека не планира да ја грее клупата.
„Долго време чекав да дојдам во САД, и подготвен сум да ги докажам моите квалитети. Сакам да се натпреварувам, не дојдов во НБА-лигата само за да седам на клупа. Сакав и порано да играм во оваа лига, но бев под договор. Ја искористив првата прилика за доаѓање тука, само што ми истече договорот со ЦСКА одлучив да го прифатам повикот од НБА“, вели Теодосиќ.
Српскиот репрезентативец ќе има прилика повторно да соработува со Патрик Беверли, плејмејкерот со кого заедно ги бранеа боите на ЦСКА Москва и Олимпијакос.
„Адаптацијата е полесна кога покрај мене е Патрик Беверли отколку со други плејмејкери, со него соработував во ЦСКА и Олимпијакос. Но, една од причините за кои пристигнав во Клиперс се Бејк Грифин и Деандре Џордан, тие се најдобриот тандем под кошот во НБА, па мислам дека за брзо време ќе се воиграме. Сепак, ми преостанува многу работа, морам да го приспособам моето тело на оваа лига, бидејќи е физички потешко да се игра во НБА од било која друга лига во светот“, додаде Теодосиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА