Милош Теодосиќ не го дочека крајот од одличниот дуел меѓу Виртус Болоња и Анадолу Ефес, откако српскиот плејмејкер беше исклучен кон средината на последната четвртина.
Тој протестираше на судискиот критериум, а додека еден од арбитрите го смируваше, другиот пријде и му покажа техничка грешка што воедно беше и петта лична грешка за ветеранот. Србинот ги загуби нервите и тргна кон судијата, имаше и „близок контакт“ меѓу нив двајца, по што на Теодосиќ му беше покажана и исклучувачка грешка.
За среќа, во близина се најдоа останатите кошаркари на Болоња кои претрчаа и спречија посериозен инцидент од Теодосиќ, кому за оваа случка му се заканува и дополнителна суспензија од Евролигата.
❌LIO CON TEODOSIC❌
👉El árbitro le ha pitado una técnica y el jugador le ha encarado desafiante. Milos Teodosic ha acabado expulsado con DESCALIFICANTE ⚠️🫣
Así ha sido 👇#EuroLeague #basketball pic.twitter.com/TwYPi6VAr8
— Pick&Cast (@PickAndCast) November 25, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА