Лос Анџелес клиперс го испрати Милош Теодосиќ во развојната лига на НБА, односно во нивниот втор тим Аква калиенте, со цел да почне со минимални тренинзи и целосно да се опорави од повредата на зглобот. Неговиот тренер Док Риверс пред извесно време истакна дека Теодосиќ ќе пропушти пет до десет натпревари во декември, со што се очекуваше кам-бек на српскиот плејмејкер околу католички Божиќ, но тој може да се врати и порано од очекуваното.
Со спрскиот репрезентативец замина и Данило Галинари, и двајцата ќе го започнат процесот на опоравување и враќање на својата форма пред повторно да стапнат на НБА паркетите. Според одредени иформации, италијанскиот кошаркар би можел и порано да се врати на терените, а најверојатно тоа ќе биде во четврток на натпреварот против Минесота тимбервулфс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА