Српскиот кошаркар Милош Теодосиќ е подготвен да се врати во Евролигата и тоа во дресот на рускиот гигант ЦСКА Москва. Србинот ги договорил личните услови со клубот во кој би требало да се врати следната сезона.
Теодосиќ по раскинувањето на договорот со ЛА Клиперс се одлучи да направи мала пауза од кошарката како би бил сто отсто подготвен за Светското првенство во Кина. Тој дресот на ЦСКА Москва го носеше во периодот од 2011 до 2017 година. Во 237 евролигашки натпревари просечно забележа 11,8 поени, 4,8 асистенции и 2,4 скока, а во 2016 година го освои елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА