Летното засилување на ЛА клиперс, Милош Теодосиќ досега одигра само два официјални натпревари за франшизата од Калифорнија, но српскиот плејмејкер веќе е миленик на фановите.
Во пресрет на средбата со Торонто репторс во понеделник во „Стејплс“ центарот, „клиперси“ го посветија мечот на новото продолжение на филмот „Војна на ѕвездите“, па организаторите смислија генијален начин како да ја привлечат публиката. Клубот ќе подарува специјално изработени колекционерски фигури од „џедај“ мастерот Теодосиќ со наметка и меч, на првите 10.000 фанови кои ќе пристигнат во салата да го проследат натпреварот.
30-годишниот организатор на играта моментално е во тимот на Клиперс од развојната лига, каде се опоравува и ја враќа формата од повредата, а фановите на франшизата се надеваат дека Теодосиќ до понеделник ќе биде во конкуренција да настапи и повторно да ги „маѓепса“ со своите неверојатни додавања. Негов последен настап беше на 21. октомври кога го повреди зглобот на мечот против Феникс санс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА