Српскиот интернационалец Милош Теодосиќ се врати на терените по повредата поради која го пропушти и Светското првенство во Кина. Тој на мечот од Еврокупот против Монако беше херој на италијанската Виртус Болоња откако го реши победникот, а покрај навивачите и раководстовото на италијанскиот клуб и целата кошаркарска јавност на Апенините почна да го споредува со Марадона.
„Тој е наш Марадона. Јас во него гледам одлучност која ја имам видено само во Предраг Даниловиќ“, изјави поранешниот италијански кошаркар Ренато Вијали.
Трансферот во Болоња дефинитивно беше вистински потег за српскиот репрезентативец.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА