Милош Теодосиќ по крајот на сезоната во која неговиот Виртус се бори за титула во италијанското првенство ќе замине од Болоња. Српскиот ас е дел од италијанскиот тим од 2019 година, но со оглед на годините и желбата да настапи за Црвена Звезда се е подготвено за спектакуларно засилување во Белград.
Теодосиќ професионалната кариера ја започна во ФМП, а во 2007 година го засили Олимпијакос. По грчкиот тим следеше трансфер во ЦСКА Москва со која ја освои и евролигашката титула, а пред преселбата во Болоња беше дел и од НБА настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс.
Болоња сепак ќе има српски ас во своите редови откако успешно ги финишираше преговорите за ангажман на Огњен Добриќ, кој по долги години ќе си замине од Црвена Звезда и кариерата ќе ја продолжи во овој италијански кошаркарски гигант.
🇮🇹🚨Milos Teodosic will play his last game tonight with @VirtusSegafredo. He is in Italy since 2019.
🚨His next step? He is going to end probably in Red Star. @LegaBasketA #euroleague #Virtus #RedStar #abaliga #abaleague @Totalbasketgr #olympiacosbc #eurobasket pic.twitter.com/ly8ZBR4pWj
— Christos Harpidis (@chrisalucard) June 21, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА