Теодосиќ жестоко казнет поради пцуење и закани кон судии!

Кошаркарот на Црвена звезда, Милош Теодосиќ е жесотоко казнет од Дисциплинската комисија на АБА лигата, поради неспортско однесување на дерби натпреварот од 20. коло против Будуќност Подгорица во белградската сала „Александар Николиќ“.

Тој ќе ги пропушти следните три натпревари од регионалното натпреварување, поради закани и пцовки кон судиите на натпреварот против Будуќност. Тоа значи дека нема да може да игра до 21 март кога Црвена звезда игра против Борац.

Дополнително, Теодосиќ ќе мора да плати и казна од 7.500 евра.

Искусниот плејмејкер ќе ги пропушти домашните натпревари против Задар, гостувањето на Цедевита против Олимпија, како и дуелот со Мега.

Се вчитува...