Теорија на заговор: Претседателот на Бразил го блокирал ВАР-системот?!

Аргентинците никако не можат да се помират со поразот од Бразил во полуфиналето од Копа Америка, жалејќи се за двата недосудени пенали кога судиите од ВАР-собата воопшто не го консултираа главниот арбитар. Теоријата на заговор оди до обвинувања против претседателот на Бразил, дека тој бил виновникот што ВАР-системот воопшто не функционирал за време на полуфиналната пресметка меѓу големите ривали.

Имено, претседателот Жаир Болсонаро беше присутен на трибините, а членовите на неговото обезбедување ја користеле истата фреквенција како и ВАР-судиите, со што спречиле овие арбитри да го контактираат главниот судија Роди Замбрано од Еквадор.

Се надевам дека ме разбирате, не смеам да давам изјави“ – кратко одговори Замбрано во текот на вчерашниот ден.

Челниците на КОНМЕБОЛ потврдија дека за време на полуфиналето постоел проблем, но дека тој бил брзо решен и не влијаел врз исходот на пресметката на најдобрите јужноамерикански селекции.

Се вчитува...