Германските гиганти Баерн Минхен, Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд, влегоа во трка за дефанзивецот на Борусија Менхенгладбах, 28-годишниот Ко Итакура.
Итакура, кој во минатото беше дел од Манчестер Сити, во Борусија Менхегладбах е веќе трета сезона, а претходно беше и во Шалке, и со тоа добро му е познат германскиот фудбал.
Покрај Сити, Шалке и Менхенгладбах, Итакура играше и во Гронинген, а во Јапонија настапуваше за Вегалта Сендаи и Кавасаки Фронтале. За репрезентацијата на Јапонија има 37 настапи и два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА