Украинскиот велосипедист Андриј Гривко (33), член на рускиот тим Астана, е исфрлен од трката „Дубаи Тур“ откако во третата етапа го удри по глава и го повреди Германецот Марсел Кител. Во инцидентот, Кител заврши со пукната аркада, а Гривко со суспензија од трката.
„Нема да прифатам извинување. Ова нема никаква врска со велосипедизмот. Гривко му нанесе срам на овој прекрасен спорт. Во моментите додека се боревме за подобра позиција, Гривко ме удри со дланката во глава. Имав среќа бидејќи Гривко ми ги скрши заштитните очила и можеше да ми го повреди окото. Ова е срамна постапка. Навистина не ми е јасно како можеше да го стори тоа, па ова е спорт! “ – рече 28-годишниот Германец кој вози за Квик-Степ Флорс.
Кител е победник на 14 етапи на трите најголеми трки во светот – Тур де Франс (9), Џиро ди Италија (4) и Вуелта (1).
Раководството на трката во Дубаи веднаш го исфрли Гривко од натпреварувањето, а тој доби суспензија и од неговиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА