Тепачка во англиската репрезентација: Рахим Стерлинг и Џо Гомез расчистуваа „дерби-проблеми“

Голем инцидент се случил на тренингот на англиската фудбалска репрезентација, откриваат медиумите на Островот. На првиот тренинг по пристигнувањето, физички се пресметале Рахим Стерлинг и Џо Гомез. Тие имаа нерасчистени сметки од дербито меѓу Ливерпул и Манчестер Сити (3-1) на „Енфилд Роуд“, а страстите зовреле и во националниот тим. Караницата била жестока, двајцата фудбалери отпочнале и тепачка која за среќа брзо била спречена од останатите соиграчи во англискиот тим.

Како епилог на ова, Рахим Стерлинг нема да игра на натпреварот против Црна Гора, но ќе остане и понатаму во репрезентацијата. Селекторот Герет Саутгејт имал посебен разговор со двајцата фудбалери и побарал единство во националниот тим, а оставање на клупските емоции во втор план.

Стерлинг и Гомез се пресметуваа и на натпреварот меѓу Ливерпул и Манчестер Сити…

 

Се вчитува...