Тепачка во редовите на Јунајтед – Тен Хаг со полни раце работа!?

Манчестер јунајтед изминатиот викенд обезбеди триумф над Евертон со 2-1 и конечно се врати на победничките патеки во Премиерлигата.

Сепак, атмосферата во тимот воопшто не е идеална, особено ако се има в предвид дека дошло до тепачка меѓу двајца фудбалери. Британскиот медиум „Сан“ објави дека Скот Мектоминеј и Лисандро Мартинез почнале да се караат по дербито меѓу гигантите од Манчестер, кое му припадна на Сити со 6-3.

Поради тешките зборови и пцовки кои паднале во соблекувалната, Мектоминеј и Мартинез решиле да се пресметаат физички, по што тренерот Ерик Тен Хаг успеал да ги смири и да спречи посериозен инцидент.

Ова е вторпат во последните пет месеци да се случи инцидент кај „ѓаволите“, откако претходно двајца играчи се степаа и во мај, но нивниот идентитет не се откри во јавност.

Се вчитува...