Голманот на Барселона, германскиот репрезентативец Андре Тер Штеген е во „војна“ со дел од медиумите во Шпанија кои објавија вест дека причината за разводот со сопругата Даниела е неверство од нејзината страна.
Тер Штеген испрати порака на социјалните мрежи во која државните медиуми „Catalunya Ràdio“ и „Grupo 3Cat“ ги објави за ширење на лажни вести кои приредиле непоправлива штета.
„Почитувани,
Шокиран сум и разочаран од лошото управување и недостатокот на контрола на Catalunya Ràdio и Grupo 3Cat, кои шират лажни вести и ги кршат личните права. Новинарите Џулијана Кејн, Роџер Карандел и Марта Монтанер се лажговци кои објавија лажни вести, јавно навредувајќи ја мојата сопруга Даниела и сериозно нарушувајќи ја нејзината репутација.
Немаше неверство од страна на Даниела. Нема вклучени трети страни. Тоа е факт. Како што рековме, Даниела и јас решивме да тргнеме по наш пат под добри околности, одржувајќи комуникација заснована на доверба. Целосно е неприфатливо тоа да го пренесуваат државните медиуми, лажно обвинувајќи ја Даниела и лично напаѓајќи ја. Штетата е непоправлива“, напиша Тег Штеген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

