Германскиот голман Марк Андре Тер-Штеген неодамна го промени клубот и од Барселона се пресели во Џирона со цел да биде прв избор меѓу стативите како би собирал доволно минута да конкурира за место во германската репрезентација.
Но, неговиот настап на престојното Светско првенство е доведен под знак прашалник по нова тешка повреда која ја откриваат шпанските медиуми.
Имено, на саботниот натпревар против Овиедо, 33-годишникот заработи повреда на ногата која се чини дека воопшто не е навина.
И покрај тоа што Тер-Штеген треба да помине дополнителни прегледи, според првите податоци го чека пауза од најмалку два месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

