Марк-Андре тер Штеген потврди дека го чека уште една долга пауза, а овојпат ќе отсуствува околу три месеци. Причината е операција на грбот.
Искусниот 33-годишен Германец беше практично незаменлив на голот на Каталонците осум сезони, но поради повреда минатата сезона бранеше само во девет натпревари.
„Драги Кулерси,
Со голема гордост ги носам боите и дресот на ФК Барселона, без разлика дали сум на теренот или надвор од него, во моменти на успех и во тешки времиња. Денеска е лично тежок ден за мене.
Физички и спортски, се чувствувам во многу добра форма, иако за жал не сум ослободен од болки. По интензивни разговори со медицинскиот тим на клубот и надворешни експерти, најбрзиот и најбезбедниот начин за целосно закрепнување е операција на грбот.
По мојата последна операција на грбот, се вратив на теренот по 66 дена – речиси два месеци; овој пат, лекарите веруваат дека ќе бидат потребни околу три месеци како претпазливост, за да се избегнат сите ризици.
Емоционално, многу ме боли што не можам да го поддржувам тимот во овој период. За среќа, рехабилитацијата е поднослива и патот назад е чист.
Ќе ве известувам за моето закрепнување и искрено сакам да ви се заблагодарам на сите вас, драги Кулерси, што секогаш сте тука за мене.
Не грижете се – ќе се вратам!“, рече Тер Штеген.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

