Тер Штеген го „откачи“ Њукасл

Голманот на Барселона Марк-Андре Тер Штеген, не планира да се пресели во таборот на Њукасл. Тој не размислувал на понудата, која наводно била испратена до Барселона со сума од 55 милиони за услугите на германскиот голман.

Њукасл и натаму има проблем да ангажира познати играчи, иако во јавноста во последните неколку недели се споменуваа многу имиња, меѓу кои и Азар, Зиле, Толисо, Икарди…

Њукасл доби нови сопственици, но и натаму клубот стравува за својот опстанок. Прво ќе се фокусира кон останување во Премиер-лигата, а потоа ќе тргне со градење на квалитетна екипа.

Инаку Њукасл планира да ги засили и раководните структури. Поранешниот технички директор на Барселона Планес и екс директорот на Челси Еменало се кандидатите за спортски директор на Њукасл.

Се вчитува...