Тер Штеген го прекина молкот, и кажа дали останува во Барселона

Барселона е на праг на донесување на нов голман, во името на Жоан Гарсија од Еспањол. Во медиумите во Шпанија се појави информација дека тоа ќе значи крај на престојот на капитенот Марк-Андре Тер Штеген.

Тер Штеген ја пропушти речиси целата мината сезона поради тешка повреда, на неговото место бранеше Војчех Шчесни, кој беше вратен од пензија, а сега се огласи и Германецот, кој ги негираше сите информации околу негово заминување.

„Не знам дали клубот планира да донесе нов голман, но во секој случај јас не одам никаде и останувам во Барселона“, изјави Тер Штеген на прашањето дали носењето на нов голман ќе влијае на неговата иднина во каталонскиот клуб.

Од друга страна Гарсија наводно инсистирал да биде стандарден, а по враќањето на Тер Штеген, Барселона нема да може да му го гарантира тоа. Опција е Гарсија да потпише за Барселона, па да биде испратен на позајмица.

Се вчитува...