Тер Штеген мора на операција, потврди Барселона

Барселона и официјално потврди дека нивниот прв голман Марк-Андре тер Штеген ќе оди на операција на грбот поради болките кои ги трпи, и поради тоа отсуствуваше на последните три натпревари на тимот.

Ова беше очекувано и најавено уште претходно, а се шпекулираше дека Тер Штеген ќе го пропушти и ЕВРО 2024 година, на кое се очекува тој да биде прв избор, со оглед дека Мануел Ноер паузираше 10 месеци од терените, и во меѓувреме тој беше изборот број 1 за Германија. Меѓутоа прогнозите се дека ќе паузира два-три месеци.

„Тер Штеген ќе биде подложен на операција оваа недела, за да ги реши проблемите со грбот. По завршување на постапката ќе биде објавено ново соопштение.

Се вчитува...