Марк Андре Тер Штеген денеска и официјално го потпиша новиот договор со Барселона, според кој германскиот репрезентативец ќе остане на „Камп ноу“ до 30 јуни 2022 година. Двете страни речиси половина година разговараа за продолжување на договорот, за дефинитивно да биде најден заеднички јазик и Тер Штегн да ги разреши сите дилеми околу својата иднина.
„Со задоволство можеме да објавија дека постигнавме договор за Марк Андре Тер Штеген да остане дел од нашиот клуб до 2022 година“ – соопштија од раководството на Барселона, додавајќи дека клаузулата за раскин на овој договор ќе изнесува огромни 180 милиони евра.
Барселона го доведе германскиот чувар на мрежата во 2014 година, кога Тер Штеген пристигна од Борусија Менхенгладбах за сума од 12 милиони евра. Тој најпрвин му беше резерва на Клаудио Браво, а по заминувањето на чилеанскиот голман во Манчестер сити, Тер Штеген ја доби улогата на прв голман и ја оправда довербата на стручниот штаб.
„Ваква понуда не се добива секој ден, нормално беше да ја прифатам. Барса е еден од најголемите клубови во светот, јас сакам уште многу години да останам овде“ – порача Тер Штеген при потписот на новиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА