Тер Штеген пред преселба во Турција

Марк-Андре тер Штеген го загуби загарантираното место во првиот тим на Барселона по тешката повреда и двете операции кои следеа. Германецот не е ниту втора опција па бара нов клуб каде што би се вратил во форма и би бил конкурентен за настап и за германската репрезентација за престојното Светско првенство.

Еден од клубовите кои изрази голема желба за ангажман на искусниот голман е Бешикташ кој е подготвен и да ја исплаќа неговата плата во целост, пренестуваат турските медиуми.

Барселона прифаќа ваква опција, а и самиот Тер Штеген е заинтересиран за преселба во Истанбул каде би настапувал како позајмен фудбалер до крајот на сезоната.

Се вчитува...