Медиумите во Шпанија продолжуваат со сагата околу иднината на Марк-Андре Тер Штеген во Барселона. Германецот е на излезна врата, откако Барселона се одлучи да го купи Жоан Гарсија од Еспањол.
Тоа е сигнал на Тер Штеген дека ќе мора да си замине, но шпанските медиуми сега пишуваат дека Германецот бил многу фрустриран од својот тим, и покрај тоа што најави дека нема намера да си замине до крајот на договорот, кој е до 2028 година.
„Спорт“ уште еднаш потсетува дека Тер Штеген воопшто не бил среќен што не добил шанса да игра во реваншот со Интер во Лигата на шампионите – одлука донесена од тренерот Ханси Флик. Покрај тоа, германскиот голман бил многу разочаран што во последниот натпревар од сезоната – на гости против Атлетик Билбао , кога Барса веќе ја имаше обезбедено титулата, бил оставен на клупата на сметка на Ињаки Пења .
Тер Штеген сакаше да биде стартер на „Сан Мамес“ за да биде во подобра форма за претстојните финалиња на Лигата на нации со германската репрезентација , каде што подоцна учествуваше во двата порази на Бундестимот од Португалија и Франција . Другата причина за разочарувањето на германскиот голман беше чисто финансиска – бидејќи остана резерва, не доби лесно применлив бонус, предвиден во неговиот договор за одиграните натпревари. Ова беше почетокот на сè што се случи меѓу него и клубот, а исходот допрва треба да се види.
И покрај тоа што Барселона сака да се ослободи од него, имаше шпекулации за заминување во Галатасарај, сепак, засега чуварот на мрежата ги отфрла сите можности за заминување. Некои медиуми објавуваат дека тој ќе се согласи да замине, само коа од тимот му бидат исплатени сите плати до 2028 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

