Тер Штеген со емоционално обраќање по повредата: Ќе се вратам…

Марк-Андре тер Штеген, голманот на Џирона кој е позајмен од Барселона, доживеа уште една тешка повреда, поради која го чека долга пауза, веројатно до крајот на сезоната, а и сонот за настап на Мундијалот во Германија е се чини завршен.

Некои медиуми јавија дека Тер Штеген дури и размислува за пензија по серијата на повреди, но тој рече дека ќе се врати.

„Повеќето од вас не ме познаваат лично, па затоа сакам да споделам нешто со вас. Јас сум позитивна личност. Отсекогаш сум имал ваков менталитет и го носам со себе во секој предизвик со кој се соочив, но токму ова ми го отежна уште повеќе. Минатиот викенд се случи најлошото: се повредив за време на натпреварот. Токму пристигнав во Џирона, каде што ме третираа со голема топлина и блискост од првата минута. Навистина сакав да бидам дел од тимот и да помогнам во остварувањето на нашата заедничка цел. Сега мојата улога мораше целосно да се промени, но мојата поддршка за тимот – не. Ова не е само одличен тим од играчи и тренери, се чувствувам како семејство. Од самиот почеток ја чувствував нивната поддршка и блискост. Како спортисти, нашата најголема радост е да се натпреваруваме: да тренираме и да играм. Морам да го одложам сето ова на неколку месеци, бидејќи решив да се оперирам. Ќе се вратам“, напиша Тер Штеген во своето обраќање.

Се вчитува...