Германскиот голман Марк-Андре тер Штеген беше успешно опериран, објави неговиот нов клуб, шпанска Џирона.
„Марк-Андре тер Штеген беше опериран. Операцијата беше успешна и враќањето на терените на играчот ќе зависи од неговиот напредок“, се вели во краткото соопштение на Џирона.
Германецот неодамна пристигна во Џирона од Барселона и по само два натпревари претрпе сериозна повреда на тетивата поради која мораше да биде опериран. Шпанските медиуми објавуваат дека сезоната е завршена за 33-годишникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

