Тер Штеген заминува од Барселона во сензационален трансфер?

За Марк Андре тер Штеген повеќе нема место во Барселона која по честите повреди на легендарниот германски голман се одлучи за промена на гол-линијата. Каталонците веќе се обидоа да издејствуваат негов трансфер летото, а желбта за заминување нема да се промени ниту оваа зима.

Во шпанските медиуи се појави можност за сензационален трансфер во редовите на Џирона.

Шпанскиот клуб гледа спас во сезоната во германскиот репрезентативец, а тоа би било и идеално место за него со цел да собере минутажа пред престојното Светско првенство.

Единствен проблем кој може да го спречи трансферот се финансиите. Џирона не е доволно моќна да ја испаќа големата плата на Германецот во целост па доколку добие „поштеда“ од Барселона драстично ќе се зголемат шансите за сензационален трансфер.

Се вчитува...