Теренот на Шкупи во Чаир пред нова суспензија по заканите кон фудбалерите на Силекс и нападот на ТВ снимател

Шкупи сосема извесно се соочува со нова казна од Дисциплинската комисија на ФФМ по инцидентот кој се случи по крајот на натпреварот од 32. коло во ПМФЛ против Силекс на Чаир.

По завршувањето на натпреварот, кој заврши без победник 1-1, дел од навивачите влетаа на терен со закани кон фудбалерите на Силекс и обид за физичка пресметка. За среќа, по интервенција на безбедносните органи, ситуацијата брзо се смири па гостинските фудбалери и стручен штаб безбедно го напуштиле стадионот во Чаир.

Но, инцидентот се случил и на трибините на стадионот каде физички е нападнат видео снимател задолжен за преносите во живо од натпреварите на ФФМ, при што нанесени му се полесни повреди на лицето.

Комплетниот случај е пријавен во МВР, но покрената е дисциплинска постапка за Шкупи и пред органите на ФФМ. Па, сосема извесно Шкупи последните домашни мечеви ќе ги игра пред празни трибини, или ќе мора да бара друг стадион за доигрување на средбите од оваа сезона во Првата македонска фудбалска лига…

Се вчитува...