Лука Модриќ денеска слета во Милано каде ќе ги помине медицинските прегледи и официјално ќе биде претставен како нов фудбалер на италијанскиот великан.
Додека новинарите го чекаа Модриќ да пристигне на аеродромот неочекувано се сретнаа со поранешната англиска фудбалска ѕвезда Џон Тери кој го прокоментира трансферот на Хрватот.
„Тој е фантастичен играч, еден од најдобрите на светот. Истотака е фантастична личност, покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери воопшто. Фантастично засилување за Милан. Ќе донесе големо искуство. Големо име пристигнува во голем клуб, мојот најомилен во Италија“, изјави легендата на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

