Терим остана со празни раце, па збеснал во тунелот: Елмас ја одбра Македонија!

Селекторот на Турција, Фатих Терим ја загуби „втората битка“ со Македонија и селекторот Игор Ангеловски за суперталентот Елиф Елмас. По завршувањето на натпреварот, тој во разговор со Ангеловски признал дека е силно заинтересиран за младиот македонски фудбалер да игра за селекцијата на Турција, но и добил одговор дека играчот на Работнички ја одбрал Македонија, државата каде што е роден, и дека ќе дебитира веќе на квалификацискиот натпревар против Шпанија, на 11 јуни во Скопје. Со ова Ангеловски дефинитивно го порази Терим, откако нашата селекција ја надигра Турција на самиот натпревар, иако не успеа да стигне до победа.

IMG_7421

Терим имал свои испади на нервоза во тунелот кон соблекувалната, кога дури и се создала мешаница со дел од членовите на македонската делегација, а ситуацијата морало да ја смирува обезбедувањето. Но, Турците се познати како темпераментни луѓе, а самиот Терим покажа многу нервозни реакции и покрај клупата за време на мечот.

IMG_7137

Елиф Елмас, кој се најде на списокот и на селекторот Благоја Милевски во селекцијата на Македонија до 21 година која ќе настапува на ЕП во Полска, на 8 август ќе се приклучи на А-тимот, ќе одработи мини-подготовки за квалификацискиот натпревар против Шпанија, и се очекува да го има своето сениорско деби за Македонија токму против „црвената фурија“. Потоа повторно ќе се врати во младата селекција до 21 година и ќе ги продолжи подготовките за настап на Европското првенство.

Се вчитува...