Непријатни вести вечерва на првиот слободен ден на Европското првенство 2024 во Германија.
Очигледно е дека Германија се повеќе потфрла од безбедносен аспект во организацијата на шампионот. По бројните упади на терен на сред натпреварите од страна на навивачите, вечерва е, се чини, избегната трагедија од големи размери во Штутгарт.
Како што пишува германски „Билд“, наводно исламски терорист од Срија вечерва во фан-зоната во Штутгарт нападнал и избодел тројца навивачи, од кои еден германски тинејџер и двајца турски државјани.
Полицијата веднаш го уапсила 25-годишениот Сириец, кој на Шлосплац во Штутгарт успеал да изврши напад во навивачката зона, која инаку треба да биде под строга безбедносна контрола. Но, успеал да пренесе ладно оружје во зоната и, со ништо предизвикан, потоа да изврши напад на дел од навивачите. Сепак, за среќа брзо е совладан и спречена е поголема трагедија.
BREAKING 🚨 🚨 🚨
Knife attack and subsequent mass panic at the screening of the #Czechia vs #Turkey match in #Stuttgart.#EURO2024pic.twitter.com/vvisZUWHZx
— Isolated Incidents (@diversity999x) June 26, 2024
„Се слушна звук како истрел. Сите потрчаа кон излезот од фан-зоната. Некои беа нападнати“ – изјави очевидец на настанот за германските медиуми.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА