Прв посериозен инцидент се случи денеска во Москва откако таксист налета на група мексикански навивачи, при што седум од нив се здобија со повреди.
Како што јавуваат руските медиуми, тој потоа се обидел да побегне од местото на настанот, но бил фатен од страна на случајни минувачи, кои го задржале до доаѓањето на полицијата. За среќа, ниту еден од повредените не се наоѓа во животна опасност и сите по прегледите биле пуштени од болница, за да можат да го следат утрешниот меч на нивната селекција против светскиот првак Германија.
Полицијата објави само дека тестовите покажале дека лицето кое го возело таксито не било под дејство на алкохол, а дополнително ќе се спроведе темелна истрага дали станува збор за акт на тероризам или за вообичаена сообраќајна несреќа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА