Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, не го криеше задоволството по фудбалскиот спектакл одржан синоќа во кој српскиот првак муу гостуваше на Вардар во хуманитарен меч од кој сите приходи се наменети за семејствата на жртвите од Кочани.
„Горди сме на фактот дека Црвена Звезда беше во можност да помогне на нашата братска Македонија во еден тежок момент, после една така голема трагедија. Посебно ми е мило што стадионот беше одлично исполнет, што навивачите имаа можност во живо да ја гледааат Црвена Звезда и што заеднички успеавме да собереме хуманитарна помош за семејствата на настраданите во Кочани“, изјави Терзиќ, кој веднаш по хуманитарниот натпревар имаше средба со најголемата македонска фудбалска легенда и икона на Вардар и Црвена Звезда, Дарко Панчев.
На полувремето низ стадионот продефилираа бројни легендарни имиња на двата клуба предводени од Илија Најдовски, Бошко Ѓуровски, Владимир Петровиќ – Пижон….
„Црвена Звезда има голем број на навивачи во Македонија, тоа најдобро се виде по атмосферата на стадионот и реакцијата на публиката кога на терен излегоа ветераните. Горди сме на таа врска и во наредните години ќе направиме се за истата да ја сочуваме, па дури и да ја продлабочиме, за навивачите од Македонија да продолжат да ја сакаат и да ја поддржуваат својата Црвена Звезда“, порача директорот на српскиот шампион.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА