Терзиќ останува единствен кандидат за клупата на Манчестер јунајтед

Во редовите на Манчестер јунајтед има се помалку трпение кон Ерик тен Хаг, кој веќе подолго време е на излезната врата од тимот од „Олд трафорд“. „Црвените ѓаволи“ и оваа сезона бележат слаби резултати во Премиерлигата, поради што веќе на големо се зборува за смена на холандскиот стручњак.

Како можна замена за Тен Хаг на клупата на Јунајтед се споменува Един Терзиќ, кој до оваа сезона беше тренер на Борусија Дортмунд.

Овој германски тренер со хрватско потекло забележа одлични резултати со тимот од „Сигнал Идуна парк“, откако минатата сезона стигна до финалето на Лигата на шампионите каде беше поразен од Реал Мадрид.

Од друга страна, Тен Хаг ги уверува фановите дека неговиот проект на кој работи сигурно ќе даде резултати, но тоа во моментов не е видливо, а трпението му се намалува.

Се вчитува...