Терзиќ: Ова е најмалку што можевме да направиме за нашите македонски браќа…

Црвена Звезда ја покажа својата големина, веднаш излегувајќи во пресрет на иницијативата на Дарко Панчев за одигрување пријателски хуманитарен меч со Вардар, од кој сите приходи би оделе за помош на семејствата на жртвите од страшната трагедија во Кочани.

Првиот човек на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, во изјава за српските медиуми потврди дека 16 април е договорениот датум за одигрување на овој натпревар, потврдувајќи дека по предлогот на македонската “Кобра” е упатен допис до Вардар за одигрување ваков хуманитарен меч.

„Сите во Црвена Звезда сме длабоко потресени од трагедијата што се случи во Кочани. Веднаш бевме во контакт со нашите играчи легенди од Скопје, Дарко Панчев и Илија Најдоски, и со нивна помош стапивме во контакт со управата на Вардар и упативме допис со иницијатива и наш предлог, и се договоривме на 16 април да гостуваме во Скопје на хуманитарен натпревар. Тоа е најмалку што Црвена Звезда може во овие тешки моменти да направи за нашите македонски браќа. Би сакале да искажеме искрено сочувство на семејствата на сите настрадани, но и на сите граѓани на Македонија, со надеж дека со овој гест дека оваа трагедија ги погоди сите во нашиот клуб, дека сме обединети во болката“, истакна Терзиќ.

Се вчитува...