Терзиќ: Ова е најсилниот тим на Црвена Звезда по оној шампионскиот од Бари

Генералниот менаџер на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ, не го крие задоволството од сработеното во овој преоден рок, во кој „црвено-белите“ продадоа неколку првотимци за одлични суми, но исто така и доведоа квалитетни врвни засилувања.

Големата цел е остварена со пласманот во Лигата на Шампионите, по оној голем триумф на реваншот против Бодо Глимт од 2-0, по негативата од 1-2 од првиот меч во Норвешка.

„Дури сега гледаме како беше прост оној претходен систем во кој многу потешко се влегуваше во ЛШ. Ова е вистинската лига на Шампиони, на прв поглед се изгледаше компликувано, но ова е навистина спектакуларен формат. Ќе играме со врвни екипи, почнувајќи од утрешниот дуел со Бенфика, малку ме фаќа страв кога го гледав Штутгарт како на долги периоди доминираше против европскиот првак Реал Мадрид. Она што е најважно, сите навивачи на Црвена Звезда ќе уживаат во настапите на нашиот клуб, а сите ние сакаме да се видиме до каде сме, да ги измериме силите со најдобрите. Овде сум 11 години, слободно можам да кажам дека сме немале подобар од сегашниот. За мене ова е најсилната екипа на Црвена Звезда по онаа што стана европски шампион во Бари. Во првото коло играме со Бенфика, да бидеме искрени и да кажеме дека Бенфика има поквалитетен тим, но една од убавините на фудбалот е што не победува секогаш поквалитетниот“, истакна Терзиќ.

Се вчитува...