Пред една година тренерот на Борусија Дортмунд Един Терзиќ, плачеше како мало дете пред навивачите на „милионерите“ откако неговиот тим во последното коло од Мајнц ја загуби титулата во Бундеслигата. Се веруваше дека тоа беше единствената шанса да се прекине доминацијата на Баерн, но една година подоцна Баер Леверкузен успеа во она кое Борусија не успеа една година претходно. На „милионерите“ им требаше само победа против Мајнц на домашен терен во последното коло, но мечот заврши 2:2 по што Терзиќ со солзи во очите го преживеа тој момент.
Но, после 12 месеци Терзиќ сега е во еуфорија, откако го однесе својот омилен тим во финалето во Лигата на шампионите. Терзиќ од девегодишна возраст ги следи настапите на Борусија, работеше во клубот како помошник во младинските категории, па како прв тренер на младинските екипи, потоа како помошник. Кратко беше во Вест Хем, Бешикташ и во хрватската репрезентација како помошник, и сега ја доби довербата да го води тимот. Во неговата прва сезона како тренер во 2020 година, го однесе тимот до трофеј во Купот, а две години потоа стигна до чекор да го освои пехарот и во Бундеслигата.
Сега ќе има можност да дојде до трофеј и во Лигата на шампионите.
„Победивме еден одличен тим, кој игра напаѓачки фудбал, брз, со многу промени на позициите, со одлични индивидуалци. Не верувавме дека ќе успееме да ја сочуваме мрежата на двата меча, но ете се случи и тоа. Честитки до одбраната, до Кобел, Шлотербек, Хумелс, Рајерсон, Матсен и сите пред нив за овие одлични настапи. Бевме рамноправни во првиот дел и до нашиот гол. Потоа очекувано ПСЖ нападна, но успеавме да се одбраниме. Одиме на Вембли, и тоа звучи убаво“, рече Терзиќ по мечот во Париз.
Творецот на најголемиот успех на Борусија во последните 12 години е роден во Германија, а неговите родители се од БИХ (неговиот татко) и Хрватска (неговата мајка). Има и хрватско државјанство.
„Првиот меч на Борусија ми беше на деветгодишна возраст. Живеам на 30 километри од Дортмунд, сонував дека ќе бидам дел од овој тим, но не очекував дека ќе се случи ова“, рече Терзиќ во едно интервју во 2021 година кога го освои трофејот со „милионерите“ во Купот.
Терзиќ беше многу критикуван поради резултатите во Бундеслигата сезоната. Неговиот тим е на петтото место на табелата, и веројатно таму ќе заврши, и да не беше одличната сезона во ЛШ, тогаш сигурно дека досега немаше да седи на клупата на Борусија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА