Французинката Теса Ворли е победничка во велеслалсомската трка во женска конкуренција во сезоната во светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во швајцарскиот Лензерхајде.
Французинката до победата стигна со вкупно време од 2:02.35 минути, што беше за 29 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Италијанка, Федерика Брињоне. Подиумот го надополни водечката во велеслалом во светскиот куп сезонава, Швеѓанката, Сара Хектор која доцнеше 31 стотинка зад времето на победничката Ворли.
Микаела Шифрин заврши како четврта на денешната трка и со тоа ја зголеми предноста во генералниот пласман во светскиот куп пред најголемата ривалка Петра Влхова која денеска не ја заврши првата трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА