Ракометната репрезентација на Македонија ги доби противниците за Светското првенство кое на почетокот на следната година ќе се одржува во Полска и Шведска. Денешната ждрепка во Катовице одлучи, Македонија да се најде во групата Ф заедно со репрезентациите на Норвешка, Холандија и Аргентина. Нашата репрезентација немаше среќа на ждрепката бидејќи можеше да се падне и многу полесна група.
Во група сме заедно со силната Норвешка, секогаш незгодната Аргентина и Холандија, репрезентација која има голем напредок во последните години.
Интересна ќе биде и групата Б во која покрај домаќинот Полска се најдоа уште и Франција, Словенија и Саудиска Арабија на која селектор е Дидие Динар.
„Црвено-жолтите“ првата фаза ќе ја играат во Краков. Шампионатот кој ќе се игра во Полска и Шведска е закажан за периодот од 11. до 29. јануари следната година.
„А“ ГРУПА: (Краков, Полска) – Шпанија, Иран, Чиле, Црна Гора.
„Б“ ГРУПА: (Катовице, Полска) – Полска, Словенија, С. Арабија, Франција.
„Ц“ ГРУПА: (Гетеборг, Шведска) – Шведска, Уругвај, Африка 2, Бразил.
„Д“ ГРУПА: (Кристијанштат, Шведска) – Исланд, Ј. Кореја, Унгарија, Португалија.
„Е“ ГРУПА: (Катовице, Полска) – Германија, Африка 5, Србија, Катар.
„Ф“ ГРУПА: (Краков, Полска) – МАКЕДОНИЈА, Норвешка, Холандија, Аргентина.
„Г“ ГРУПА: (Јоншепинг, Шведска) – Хрватска, САД, Африка 3, Африка 1.
„Х“ ГРУПА: (Малме, Шведска) – Данска, Африка 4, Бахраин, Белгија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА