Нант забележа нов триумф во францускиот шампионат откако по голема битка славеше на гостувањето против Шартр со минимални 24-25.
Натпреварот беше израмнет буквално до самиот финиш, а како клучен се покажа голот на Брие на 100 секунди до крајот, со кој Нант стигна до цел плен на овој тежок меч.
Лазаров не беше во својот препознатлив ритам реализирајќи два гола од вкупно четири обиди. Најефикасни во таборот на Нант беа Бриет со шест и Фигерас со пет погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА