Тешка повреда – Казинс ја скина тетивата

Њу Орлеанс славеше на дуелот со Хјустон, но големиот триумф мина во сенка на тешката повреда што во самиот финиш ја заработи Демаркус Казинс.

Еден од најдобрите центри во лигата настрада на само осум секунди пред крајот, останувајќи да лежи на теренот. Според првичните информации, станува збор за кинење на тетивата, што ќе значи и повеќемесечна пауза и предвремен крај на сезоната за овој одличен кошаркар.

Во моментот на повредата Казинс имаше остварено трипл-дабл од 15 поени, 13 скокови и 11 асистенции, а пред само три дена овој кошаркар имаше извонреден ефект од 44 поени, 24 скока и 10 асистенции.

Се вчитува...