Малери го следат Манчестер сити на стартот од оваа сезона, откако по Кевин де Бруине многу сериозна повреда заработи и Клаудио Браво.
Чилеанскиот голман настрада за време на тренингот на „граѓаните“, а првичните прогноози велат дека станува збор за кинење на тетивата. Во следните денови ќе следи операција, па пауза од околу осум месеци од терените, по што е јасно дека оваа сезона е предвреме завршена за чилеанскиот чувар на мрежата.
Браво е втор голман на Сити, зад стандардниот Едерсон, па сега улогата на резерва Гвардиола ќе му ја додели на 20-годишниот Даниел Гримшо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА