Австриската скијачка Нина Ортлиб ја скрши десната нога при пад за време на спуст трката во Гармиш-Партенкирхен, Германија.
Лекарите покрај патеката и даваа помош повеќе од 20 минути пред да биде однесена во болница.
„Скијачката од Форарлберг е пренесена во болницата во Гармиш-Партенкирхен на детален лекарски преглед и за жал е потврдено сомнежот за тешка повреда. Со рендгенски преглед е констатирана скршеница на потколеницата на десната нога“, соопштија од Австрискиот скијачки сојуз.
Ортлиб е префрлена во Шрунс на понатамошно лекување, се додава во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

