Тешка повреда на Чет Холмгрен, нема да игра до крајот на 2024 година (ВИДЕО)

Оклахома се соочува со огромен проблем бидејќи остана без услугите на еден од најдобрите свои играчи. Чет Холмгрен заработи тешка повреда и нема да биде дел од тимот најмалку осум до десет недели, потврди и самата НБА франшиза.

Во текот на првата четвртина од средбата со Голден Стејт, американскиот кошаркар кој минатата сезона заврши како втор во гласањето за најдобар новајлија на годината имаше тежок пад по кој мораше со помош да го напушти теренот.

По деталните прегледи утврдено е дека станува збор за повреда на карлицата и него го дека подолга пауза. Проценката е дека ќе биде надвор до теренот до крајот на месец јануари, но тогаш допрва ќе следи нова проценка дали ќе може одново да заигра.

Холмгрен оваа сезона бележи просек од 18.2 поени, 9.2 скокови, 2.2 асистенции и 2.9 блокови по натпревар.

Се вчитува...