Тешка повреда на Дејан Ловрен

Искусниот хрватски фудбалер Дејан Ловрен заработи тешка поведа на натпреварот помеѓу неговиот Паок и Волос во грчкото првенство по која мораше да биде изнесен надвор од теренот на носилки и пренесен во болница.

По корнер Ловрен беше највисок во скокот, но имаше лош доскок по кој заработи повреда на ногата. Судејќи по реакцијата на 35-годишникот и првите информации од јужниот сосед повредата воопшто не е наивна.

Ловрен е дел од Паок од 2024 година каде се пресели по вториот мандат поминат во Лион. Претходно настапуваше и за Динамо Загреб, Саутемптон, Ливерпул и Зенит.

Се вчитува...