Убедливата победа на Атлетико Мадрид во Москва остана во сенка на тешката повреда на Филипе Луис, поради која левиот бек мораше на носилки да го напушти теренот на синоќешниот натпревар.
Луис настрада во обид да спречи гол на противниците, кога во последен момент ја шутна топката, но потоа со сета сила беше удрен од страна на Едер, кој се обидуваше да постигне гол. Веднаш беше очигледно дека станува збор за нешто сериозно, а утрово Атлетико Мадрид потврди дека на бразилскиот репрезентативец му претстои долга пауза од терените.
„Филипе Луис има скршеница на фибулата на левата нога. За жал, ова е најлошата можна вест и Луис ќе мора да го пропушти финишот од сезонава, претстојниот мундијал во Русија, како и подготовките за новата сезона“ – соопштија од лекарскиот тим на Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА