Капитенот на Слога Виница, Иван Митров заработи тешка повреда на денешниот натпревар против својот поранешен клуб Брегалница во Штип во 7. коло од Втората лига – Исток.
Поранешниот фудбалер на Работнички, Шкендија и грчки Егинијакос, уште во 17. минута по еден старт заработи повреда на десната нога. Митров веднаш, со возило на Брзата помош, беше префрлен во штипската болница, па дополнително ќе биде познато колку ќе отсуствува од фудбалските терени.
Веднаш потоа повреда на главата заработи и дефанзивецот на домашните Јован Манев, но по интервенцијата го продолжи натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА