Тешка повреда на Никола Јокиќ во поразот на Денвер од Мајами (ВИДЕО)

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ, се повреди на натпреварот против Мајами хит кој неговиот тим го загуби со 123-147.

Ѕвездата на Денвер излезе од теренот на полувремето откако го повреди левото колено околу три секунди по почетокот на втората четвртина. Повредата се случи кога соиграчот на Јокиќ, Спенсер Џонс, го удри долниот дел од ногата на српскиот кошаркар, повредувајќи го левото колено.

Јокиќ се струполи на подот, држејќи го коленото и грчејќи се од болка. Дополнителните прегледи ќе покажат колку е сериозна повредата на Србинот.

Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Шарлот – Милвоки 113-123, Вашингтон – Феникс 101-115, Бруклин – Голден Стејт 107-120, Торонто – Орландо 107-106, Чикаго – Минесота 101-136, Хјустон – Индијана 126-119, Њу Орлеанс – Њујорк 125-130, Оклахома – Атланта 140-129, Сан Антонио – Кливленд 101-113 и Портланд – Далас 125-122.

Се вчитува...